Веќе легендарната платформа за интернет-разговор на „Мајкрософт“ – Скајп (Skype) замина во историјата. Постоечките корисници на Скајп ќе можат бесплатно да се префрлат на Мајкрософт тимс (Microsoft Teams), користејќи ги нивните имиња и лозинки за најавување. Така, и нивните контакти и историјата на разговори ќе се префрлат на другата платформа.
Исто така, треба да се напомене дека корисниците имаат рок до јануари 2026 година да ги префлат своите податоци, по што тие ќе бидат избришани.
„Ја поедноставуваме нашата понуда за бесплатна комуникација за подобро да се прилагодиме на потребите на нашите корисници“, се вели во соопштението на „Мајкрософт“.