На социјалните мрежи се појави видео снимка која предизвика вознемиреност и загриженост кај јавноста – на неа јасно се гледа како патничко возило се движи во спротивен правец на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци.
На видеото, снимано од друг учесник во сообраќајот, се гледа како возило марка „голф“ вози во левата сообраќајна лента, директно спротивно на правецот на движење на другите автомобили.
Автопатот Скопје-Тетово е еден од најфреквентните во земјава, а вакви случаи на возење во спротивен правец претставуваат сериозна опасност за сите учесници во сообраќајот.