На улицата Елена Ѓика во Дебар вчера во 17.35 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М.(51) од дебарското село Могорче.
При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал С.М. и со алкотестирање констатирале дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.
„Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за делото Безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.