Дронови на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во текот на ноќта нападнале фабрика за производство на уреди за активирање муниција и компоненти за морнарицата и воената авијација, во Муром, во Владимирската област на Русија, јави Укринформ.
„ПУТИН САКА МИР И ПОКРАЈ НЕОДАМНЕШНИТЕ НАПАДИ“ Трамп не е среќен што Русија лансира ракети во Украина
Извор од органите за спроведување на законот изјавил за Укринформ дека во текот на ноќта во фабриката се слушнале 5 експлозии. Според прелиминарните извештаи, погодени се 2 згради и избувнал пожар.
– Фабриката за уреди „Муром“ е вклучена во санкциите на Украина и на ЕУ бидејќи игра значајна улога во поддршката на руската воена агресија против Украина. Но, како што можеме да видиме, Службата за безбедност одлучи малку да ги прошири тие санкции – рекол изворот.
Според медиумските извештаи, во нападот со дрон во ноќта меѓу 29 и 30 април биле уништени магацин и контролен пункт во фабриката во руската Владимирска област.
УКРАИНА ГИ ЗНАЕ ТОЧКИТЕ НА ПРИТИСОК ШТО ЌЕ ЈА ОХРАБРАТ МОСКВА НА ДИПЛОМАТИЈА Зеленски посочи дека првиот чекор кон мир е безусловно примирје
Гувернерот на регионот, Олександар Авдеев, потврди дека имало пожар во „магацин што припаѓа на неименуван објект“.
– Беспилотни летала оштетија две згради: една се запали, а пожарот е локализиран. Втората претрпе помала штета, не дојде до пожар, а специјалисти работат на местото на настанот, напиша тој на социјалните мрежи.