Background

Идниот канадски премиер одржа жесток говор

Либералната партија на премиерот Марк Карни освои најмногу парламентарни мандати на парламентарните избори во Канада, но сè уште не е познато дали ќе мора да коалицира со помала партија.

Карни им се обрати на своите поддржувачи по неговата изборна победа со прашањето:

-А кој е подготвен да изгради силна Канада?

- Advertisement -
Ad image

Тој  не пропушти да му се заблагодари на лидерот на Конзервативната партија, Пјер Појлевр, за неговата посветеност на земјата „што двајцата ја сакаме“.

-Влегов во политиката затоа што чувствував дека на Канада ѝ се потребни големи промени – објасни Карни, наведувајќи дека тие промени ќе бидат водени од канадските вредности што ги научил на семејната маса и на хокеарскиот мраз. Тој ги нагласи понизноста, амбицијата и единството како клучни вредности на неговата идна влада.

За Карни, понизноста е соработка со сите политички партии, провинции и домородни народи, но и подготовка за тешки предизвици.

-Америка ја сака нашата земја, нашите ресурси, нашата иднина. Претседателот Трамп се обидува да нè скрши за Америка да може да владее над нас. Тоа никогаш, ама баш никогаш нема да се случи – рече тој цврсто, додавајќи дека Канада е на „историска пресвртница“ затоа што „стариот интеграциски однос со САД е завршен“.

Осврнувајќи се на меѓународните односи, тој најави претстоен разговор со Доналд Трамп за „иднината на две суверени и независни нации“ и зајакнувањето на партнерството со европските и другите светски земји.

-Ако САД повеќе не сакаат да бидат на чело на светското лидерство, тогаш тоа ќе биде Канада – изјави тој.

Карни објави дека Канада ќе стане енергетска суперсила и дека неговата влада ќе создаде силни работни места. Тој призна дека предизвиците ќе бидат тешки, но изрази доверба во Канаѓаните.

-Канада не е само нација, ние сме и секогаш ќе бидеме федерација. Не сме совршени, но се стремиме да бидеме добри. Ние имаме тенденција да правиме работи затоа што се правилни, а не затоа што се лесни – рече тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation