Background

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на социјалните мрежи објавија дека ја прекинале блокадата

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на социјалните мрежи објавија дека ја прекинале блокадата поради исполнување на барањето за распишување нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), јави дописникот на МИА од Белград.

„Објавен е нов конкурс за Советот на РЕМ. Со тоа, блокадата на РТС е завршена, по 14 дена“, објавија студентите на ФДУ на социјалната мрежа Икс.

На денешната седница на собранискиот Одбор за култура и информации беше изгласана одлука за почнување постапка за предлагање кандидати за избор на членови на Советот на РЕМ.

- Advertisement -
Ad image

На 14 април, студенти ги блокираа влезовите на РТС во центарот на Белград и на Кошутњак . Тогаш објавија дека РТС ќе биде блокиран се додека не се објави изборот на ново свикување на Советот на РЕМ. Одброт во српскиот Парламент за култура и информации ја поништи претходно донесената одлука за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и почна постапката за распишување нов конкурс, што формално го побара опозицијата.

Објавувањето нов конкурс за избор на членови на Советот на РЕМ беше барање на студентите, со цел да се прекине блокадата на зградите на РТС што почна на 14 април во 22:00 часот.

Сите 16 присутни членови на одборот гласаа за првата одлука, а 15 за втората.

За време на седницата, што траеше околу три и пол часа, претставниците на владата и опозицијата изразија дијаметрално спротивни ставови за медиумите, како и за студентските блокади.

Претходната постапка за избор на нови членови на Советот на РЕМ беше практично суспендирана, бидејќи седум од вкупно 18 кандидати ја повлекоа својата кандидатура, тврдејќи дека процесот бил полн со нерегуларности и незаконитости.
Во меѓувреме, за министер за образование е назначен друг кандидат, професорот на Педагошкиот факултет и политички аналитичар Дејан Вук Станковиќ.

Мнозинството во Одборот за култура и информации го сочинуваат пратеници од владејачката коалиција, па затоа немаше гаранции дали ќе биде распишан нов конкурс.

Мандатот на претходното свикување на Советот на РЕМ истече на 4 ноември 2024 година, а нов не беше избран речиси шест месеци.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation