Сигнал за подготвеноста на Украина за продолжување на директните преговори со Русија треба да дојде од Киев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите, одговарајќи на прашање од агенцијата ТАСС.
„Тоа треба да дојде од Киев. Тие барем треба да преземат некои чекори во таа насока. Сè уште постои законска забрана за тоа. Досега не видовме никакви потези“, рече Песков на прашањето дали Русија очекува сигнал од Вашингтон или директно од Киев, јави ТАСС.