Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир.
„Можете да сметате на нашата поддршка на преговарачката маса за да постигнете праведен и траен мир“, напиша таа на официјалните социјални медиуми по средбата со Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциск.
Претседателката на Европската комисија додаде дека со украинскиот функционер разговарала и за чекорите што ги презема Киев за да го заработи своето место во европското семејство.