Невена Нешкоска заедно со нејзиниот брат Наум и сестрата Калина ќе бидат дел од една од најновите епизоди на „The Simpsons“, наречена „Abe League of Their Moe“.
Како што сподели Нешкоска на нејзиниот Фејсбук профил, креаторите на „The Simpsons“ одлучиле да внесат но лик — талентиран спортист (играч на бејзбол) кој доаѓа во Спрингфилд за да се приклучи на локален бејзбол тим како голема сензација од Македонија.
Во однос на тоа како биле вклучени во епизодата Невена објасни:
„Учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски“.
Инаку оваа епизода премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27-ми април, во 20:00 часот EST (2:00 понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија „FOX“, а истражува теми како пријателство, натпреварување и значење на ферплејот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
