Министерството за јавна администрација денеска ги додели признанијата за управување со квалитет во јавниот сектор – првата награда ја доби Централен регистар, втората Агенцијата за вработување, а третата ја доби Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека квалитетното управување не е само обврска, туку суштинска вредност и патоказ кон европско и одговорно управување.
– Управувањето со квалитет не е само алатка, тоа е волја за вистинска промена, за јавна администрација што работи во служба на граѓаните. Овие институции не се само успешни приказни, тие се доказ дека реформите се можни и дека доброто управување носи доверба – рече министерот Минчев.
Настанот беше организиран во соработка со Координативното тело за управување со квалитет и претставува поттик за сите јавни институции да продолжат со унапредување на своите процеси, системи и услуги, во интерес на граѓаните и државата.
Tagged as:
Минчев ги додели признанијата за управување со квалитет
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
