Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретна со група ранети американски ветерани во Овалната соба, каде што потпиша серија нови прописи, вклучително и иницијативи во областа на образованието. За време на состанокот, Трамп ја нагласи важноста на ветераните за американското општество, нарекувајќи ги „најважната група на луѓе во оваа просторија“ и ветувајќи дека „навистина добро ќе се грижи за нив“.
Средбата ја одбележал и моментот кога американскиот претседател забележал налепница „Ајде Брендон“ на инвалидската количка на еден од ветераните, која предизвикала смеа кај присутните, пишува „Fox News“.
Ветеранот објасни дека налепницата го прикажува поранешниот американски претседател Џо Бајден, на што Трамп низ смеа одговори: „Кој е тој на сликата? Тоа е одлично“.
Исмејување на Бајден
Фразата „Ајде да одиме, Брендон“ потекнува за време на интервју во 2021 година, кога спортски репортер погрешно го слушнал пеењето на публиката. Откако Брендон Браун победи на трката на „NASCAR Xfinity Series“, толпата почна да скандира „F*ck Joe Biden“ во позадина на неговото интервју.
Новинарката на „NBC“, Кели Ставаст, погрешно разбрала што скандира толпата и рече дека викаат „Ајде Брендон!“. Видеото брзо стана вирално, а фразата оттогаш се користи како начин да се исмева или критикува поранешниот претседател Бајден, особено меѓу неговите противници и конзервативци.
„Значи, ти беше погоден? Прилично добро“
Трамп им се заблагодари на ветераните и нивните семејства за нивната жртва, истакнувајќи дека за време на неговиот прв мандат често ги посетувал ранетите војници во болниците. Обраќајќи им се на ветераните кои ги загубија нозете, Трамп рече дека е „одлично“ што биле погодени.
– Значи, ти беше погоден? Прилично добро. Ти беше погоден. Неверојатно, неверојатно – им рече Трамп.