Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денеска од Куманово испрати јасна порака во врска со иднината на неговата партија во коалицијата Вреди и во Владата.
– Ние како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи, слично како што тоа го направи и ЗНАМ, но со меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го понудивме и на Вреди – изјави Таравари за време на посетата на Општата болница во Куманово.
Според него, реакциите што доаѓаат од Вреди се „емоционални“, но во моментов е потребна разумност и рационалност.
– Во периодов треба да бидеме внимателни и умни. Не сакам да давам прогнози, туку да донесувам што пооправдани одлуки. Ако во Вреди се одлучни за тоа што го зборуваат последниве денови, ние ќе ги разгледаме сите опции за настапот на локалните избори, вклучувајќи и кандидати за градоначалници – додаде Таравари.
На новинарско прашање за можноста АА да ја напушти Владата, Таравари беше дециден.
– Владата ја прави премиерот. Разговарав со него, и пак ќе разговарам. Ако смета дека не сме потребни – немаме проблем да се повлечеме. Сепак, сметам дека сме потребни во оваа влада. Никој друг не може да одлучи освен тој што ја формира Владата. Не треба да брзаме – изјави Таравари, оставајќи ја вратата отворена за сите опции.
Tagged as:
Таравари очекува реакција од премиерот Мицкоски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
