Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ каде и да се појави го привлекува вниманието на медиумите и обожавателите.
Ѓоковиќ за точно еден месец наполни 38 години, а има се повеќе прашања за тоа колку ќе трае неговата кариера – вклучително и едно поставено од новинар од шпанскиот весник АС.
„Не знам, нели? Ѓоковиќ одговори низ смеа, додека новинарот упорно се обидуваше да добие одговор.
„Не знам, да почекаме“, кусо додаде Новак, не сакајќи да открие повеќе.
Ѓоковиќ синоќа беше во Мадрид на доделувањето на наградите Лауреус за најдобрите светски спортисти.