Инспекторите на агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спроведоа 617 вонредни контроли кај операторите со храна, соопштија од АХВ.
„Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност. Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај 8, биле пронајдени несоодветно означени производи“ се наведува во соопштението.
Инспекторите изрекоа 30 парични казни во износ од 25.400 евра и издале 44 решенија за отстранување на недоследностите.
Нештетно се уништени 1.740 килограми небезбедна храна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
