Началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов, на денешната средба го информирал претседателот на Русија, Владимир Путин, дека руските сили повратиле повеќе од 99% од територијата на Курск што украинската војска ја зазеде за време на упадот во август минатата година, пренесуваат руските медиуми.
– Во областа на Курск, каде што украинските вооружени сили извршија упад, најголемиот дел од територијата сега е ослободен. Станува збор за 1.260 квадратни километри или 99,5% од територијата – посочил Герасимов.
Претходно денеска беше објавено дека руските војници повторно го вратиле под своја контрола селото Олешња во областа Курск.