Background

Повеќе од 100 катастарски услуги се достапни онлајн

Агенцијата за катастар на недвижности има амбициозна цел – да прерасне во модерна, целосно дигитализирана институција која ќе овозможи брзи, достапни и квалитетни услуги за сите граѓани. Во интервју за веб-порталот Скопје Инфо, директорот Иван Живковски посочува дека катастарот треба да биде гаранција на сопственоста, поддршка на урбанистичкото планирање и алатка за развој на инфраструктурата и на општеството во целина.

Меѓу најголемите тековни предизвици, Живковски ги посочува застарената технолошка инфраструктура и дефицитот од стручен кадар – резултат на седумгодишен занемарен кадровски развој. Во таа насока, веќе се спроведуваат мерки – од внатрешна реорганизација и регрутирање на млади професионалци до редовни обуки и нови соработки со правосудните и стручни комори.

– Со моето доаѓање затекнавме над 5.600 заостанати предмети. Со внатрешни реформи ги расчистивме сите, а денес постапуваме навремено и ефикасно – изјави Живковски.

- Advertisement -
Ad image

Во фокусот е и дигиталната трансформација. Повеќе од 100 услуги се достапни онлајн преку порталот e-uslugi.katastar.gov.mk, а до крајот на 2025 година бројот ќе надмине 130. Надграден е системот за проверка на сопственост и статус на предмети, како и мобилната апликација I-Kat, која сега е достапна и за iOS. Во тек е и целосна интеграција со државниот портал uslugi.gov.mk, со цел граѓаните да ги користат сите услуги без потреба од физичко присуство.

– Целосната дигитализација е наш врвен приоритет. Ќе овозможиме сите барања и постапки да се поднесуваат онлајн. За повозрасните граѓани, шалтерите остануваат активни – додаде директорот.

Генерално, Живковски заклучува дека и покрај зголемениот наплив на предмети, Агенцијата за катастар навремено постапува и брзо и ефикасно ги обезбедува услугите за граѓаните.

– Драстичното намалување на цените за одредени катастарски услуги и до 83%, е нешто кое верувам дека значително ќе влијае на социјалниот стандард на граѓаните, но и услугите на катастарот ќе ги направи подостапни за сите – нагласува тој.

Паралелно, Агенцијата активно работи на борба против корупцијата со кампањата „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, отвора нови канцеларии во Драчево и во Автокоманда, а и ја враќа во функција канцеларијата во Чашка.

– Продолжуваме со дигитализација, нови веб-услуги и реформи кои ќе нè доближат до целта – катастарот да стане пример за ефикасна, дигитална и транспарентна институција – истакна Живковски.

Целото интервју прочитајте го тука: Интервју со Иван Живковски – директор на Катастарот

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation