Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, изјави дека Турција нема да поддржи ниту една форма на федерална структура во Сирија и дека очекува сите вооружени елементи, вклучително и припадниците на курдските Сили за заштита на народот (ПКК) (кои Анкара ги гледа како огранок на терористичката Курдистанска работничка партија), да се разоружаат и да се интегрираат во националната армија, објави Туркије тудеј.
Тој нагласи дека нема да се толерираат никакви вооружени формации надвор од Сириската национална армија и дека вклучувањето на Курдите во сирискиот Устав како конститутивен елемент е важно за Турција.
Турскиот министер за надворешни работи ги осуди воздушните напади на Израел во Сирија и рече дека тие придонесуваат за дестабилизација на регионот. Тој изјави дека израелските напади ефективно создаваат простор за „Исламска држава“, која е закана за мирот во западниот свет и на глобално ниво.
Фидан, исто така, категорично се спротивстави на плановите на Израел за депопулација на Појасот Газа и преселување на Палестинците во трети земји. Тој истакна дека Јордан и Египет не одговориле позитивно на идејата за преселување на Палестинците.