Background

Трговците бараат да се одложи рокот за онлајн објавување на цените

Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехранбени производи, бара Министерството за економија да го продолжи рокот за онлајн објавување на цените на производите. Аптеките, пак, бараат да бидат изземени од обврската за објавување цени бидејќи не се обични трговци, туку здравствени установи.

Тие според последните измени на Законот за потрошувачи имаат обврска да објават Ценовниците почнувајќи од утре во 10 часот.

Од Комората велат дека причина за барањето е тоа што нејзините членки имаат проблеми со изработка на веб-страниците.

- Advertisement -
Ad image

– Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Притоа, сакаме да истакнеме дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради комплексноста и обемноста на материјата – велат од Комората.

Оттаму додаваат дека продолжувањето на рокот ќе претставува поддршка кон сите засегнати субјекти, но најмногу на оние на кои им е најпотребно, а тоа се малите стопанственици и ќе придонесе кон инклузивен пристап во спроведувањето на политиките за дигитализација, со што ќе се овозможи посеопфатна и правично распоредена транзиција.

– Очекуваме разбирање и соработка од надлежните институции, со единствена цел – градење стабилна и конкурентна економија, во која секој економски субјект има фер можности за развој и напредок – велат од Комората.

Од Министерството за економија велат дека добиле барање за средба со министерот денеска во 11 часот, но во него немало никакви барања.

– Министерот за економија Бесар Дурмиши ќе се сретне со претставници на трговците во текот на следната недела – велат оттаму.

Реагираа и аптеките, но тие како што велат од Министерството за економија, не доставиле никакви барања, ниту побарале средба.

Дел од трговците со кои разговараше Плусинфо, велат дека не можат за толку краток период да направат веб- страници и да вработат луѓе кои ќе ги хранат ценовниците со информации.

Од Пазарниот инспекторат пак велат дека тие од утре ќе почнат со мониторинг на трговците.

-Во рамки на редовните инспекциски контроли, инспекторите од утре почнуваат со мониторинг и на обврската на трговците даги објават цените на своите веб- страници – вели директорот на државниот пазарен инспекторат Влатко Сројкоси.

Тој потсетува дека според законот казните за трговците се од 1.000 до 10.000 евра, а за тоа дали уште првиот ден ќе се казнуваат зависи од проценката на инспекторите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation