Background

Најдобра рутина е онаа што одговара на вашата коса

Косата не е само дел од нашиот изглед туку е дел од нашиот идентитет. Таа ја носи приказната на секојдневието, реагира на стресот, времето, начинот на живот. Понекогаш е сјајна и полна со живот, понекогаш сува и изморена. Но едно е сигурно дека со правилна нега, секоја коса може да изгледа и да се чувствува подобро.

Во рамките на иницијативата што го покажува индивидуалниот пристап кон убавината, започнува и вистинската нега на косата. Не се работи само за изборот на производи туку и за можноста да се разбере што ѝ треба на косата за да биде здрава, цврста и негувана.

Не постои еден универзален третман што одговара на сите. Косата на секој човек има свој ритам и свои потреби: од хидратација и заштита, до зајакнување и обнова. Токму затоа фокусот е на едукација и персонализирани совети. Стручњаците за нега на коса и професионалните фризери имаат можност да им објаснат на луѓето кои состојки навистина ѝ се потребни на косата и како да се избегнат најчестите грешки во грижата за косата.

- Advertisement -
Ad image

Според нив, убавата коса не е прашање на генетика или скапи третмани, тоа е резултат на грижа и правилен избор на производи што се во согласност со природните потреби. Тие препорачуваат шампони и балсами, до специјални масла и серуми, од dm дрогериите како квалитетни опции за различни типови коса, без агресивни формули и без краткорочни решенија.

– Косата не е само украс, туку е одраз на начинот на кој се грижиме за себе. Прекумерното стилизирање, агресивните третмани и неправилната нега можат да ја ослабнат. Секој тип коса има свои потреби и не постои еден совршен производ што ќе одговара на сите. Најголемата грешка што ја гледам кај клиентите е што вложуваат во многу производи, но не и во основната нега. Сјајната, цврста и здрава коса почнува од шампонот, балсамот и правилната хидратација. Косата не може да изгледа добро ако не е навистина негувана – вели Билјана Ангеловски, стилист во Студио Адикт.

Веб-страницата dm.mk исто така е добро место за добивање корисни информации, совети, трикови и вистински искуства кои може да ни помогнат како негата на косата да стане дел од секојдневната рутина.

Во време кога брзите промени стануваат секојдневие, негата на косата е потсетник дека грижата за себе е долгорочна инвестиција. Оваа иницијатива не промовира совршенство туку реална, здрава и природна убавина но и грижа за она што веќе го имаме.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation