Муртезани вели дека Тарвари се откажал од борбата против криминалот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата зашто какво ќе биде тоа ако тој има врски со ДУИ. Ова создава загриженост и треба да се расчисти, изјави Орхан Муртезани, министер за европски прашања и претставник на коалицијата Вреди (Влен) од партијата Алтернатива.

Во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, Муртезани рече дека кога ја формирале коалицијата Вреди, главната премиса им била „да се создаде антипод на Демократската унија за интеграција кој требаше да се бори против режимот инсталиран од ДУИ со криминал и корупција“.

– По пат, еден од нашите партнери во коалицијата го смени приоритетот и почна да смета дека не е толку битно борбата против криминалот и корупцијата туку колкав број општини ќе добие на Локалните избори и на тој начин ја тргна бариерата да не се кокетира и комуницира со ДУИ, туку почна да гледа и соработник во ДУИ – истакна Муртезани.

Според него, изјавата на Арбен Таравари дека Владата не испорачувала доволно е само „барање алиби за да соработува со ДУИ“, а изјавата дека „Гостивар е тешко победлива општина со Вреди“, како што рече, значи дека може да ја освои со ДУИ.

– Во тоа е суштината. Се открива планот за одење во скутот на Ахмети, а тоа го прави со обвинување на довчерашните партнери. За да има алиби, мора да ја напаѓа коалицијата и Владата, а со тоа се напаѓа и себеси. Несериозни се обвинувањата дека не испорачува доволно, а да биде дел од Владата. Ако смета дека тој сам не вложува доволно, нека оди во опозиција. Нема логика ако опцијата е да оди со ДУИ „за да ги бива“ – рече Муртезани.

Соопшти дека на Таравари му биле понудени 40 отсто градоначалнички места, а останатите 60 отсто за останатите три партии во коалицијата Вреди.

– Имаше доволно голема и солидна поделба, но изгледа се имал договорено со Али Ахмети – рече Муртезани и додаде дека Таравари инсистирал на посебни, а не на заеднички листи и оти со тоа се видело „дека тоа му носи вода на ДУИ“.

Share This Article