Background

Обвинител не смее да дава изјави за полициска акција која е во тек

Министерството за внатрешни работи (МВР) негира дека била компромитирана вчерашната акција за приведување на 7 полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, иако државниот обвинител Љупчо Коцевски синоќа во телевизиско гостување соопшти за акцијата додека таа била во тек.

– Не знам кого, што и зошто демантира МВР. Непобитен факт е дека државниот обвинител Љупчо Коцевски, својата изјава во телевизискиот настап на Телма ја даде додека траеше акцијата на МВР. До рано утрово сите 7 лица, опфатени со акцијата на МВР не беа обезбедени. Постои сериозен сомнеж дека некои од нив изјавата на Коцевски ја разбрале како аларм да сторат сѐ што можат за да се заштитат себеси – изјави за Плусинфо висок функционер во МВР.

Во демантот од МВР, кој го пренесоа некои медиуми, се наведува дека се демантираат во целост „дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.“ МВР при вчерашната акција постапувало по насоки на јавното обвинителство“, наведува Министерството за внатрешни работи.

- Advertisement -
Ad image

Сомнежи за компромитирање на полициската акција се појавија синоќа за време на гостувањето на Коцевски на Телма, кога тој ја обелодени акцијата, која била во тек.

Полицијата сѐ уште трага по едно од седумте осомничени лица од полицијата, кое живее во Штип.

МВР, по налог на Основното јавно обвинителство, вчера спроведе акција за апсење на 7 полициски службеници, кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation