Периодов низ Македонија е активен стомачен вирус којшто ги мачи граѓаните со нагли симптоми – од покачена температура до дијареа, повраќање, мачнина и грчеви

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Периодов низ Македонија е активен стомачен вирус којшто ги мачи граѓаните со нагли симптоми – од покачена температура до дијареа, повраќање, мачнина и грчеви. Иако симптомите кај дел од пациентите се повлекуваат за еден до два дена, кај некои се враќаат, особено ако не се внимава на исхраната.

– Нагло ми се качи температура на 38.5, а потоа следуваше дијареа и лошење. Едвај станував од кревет, но по 2-3 дена, одеднаш ми се подобрија симптомите, дури нагло ми стана подобро – вели 39-годишниот Славко за Плусинфо.

Родителите, пак, се особено загрижени кога симптомите се појавуваат кај најмладите.

– Моето дете има константно лошење, не сака да стави ништо во уста и постојано повраќа. Едвај успеваме да му ги дадеме лековите, но и тие ги повраќа – вели Александра, мајка на 2-годишно дете.

Минатата недела вриело од пациенти со стомачен вирус

Лекарката Сања Петровска од приватната здравствена установа „Сан Медикал“ вели дека диетата е многу важна за побрзо закрепнување од вирусот.

– Повеќето пациенти пијат медицински јаглен и пробиотик, па се случува сликата да се подобри за ден-два, но кај некои пациенти може да се вратат симптомите бидејќи не се придржуваат кон диетата која им ја препорачуваме. Диетата најчесто вклучува јадење храна како варен ориз, компири и слична храна која е соодветна за вознемирениот гастроинтестинален тракт. Некои пациенти имаат грчеви и гасови, кај некои вирусот се манифестира со дијареа и лошење. Најчесто им препишуваме прашоци „Смекта“, а и пробиотици, што ги отстрануваат симптомите на дијареа. Вирусот најчесто поминува за 4-5 дена – вели д-р Петровска за Плусинфо.

Петровска тврди дека минатата недела имала голем број пациенти со стомачен вирус во нејзината клиника, но дека овој бран полека стивнува, а оваа недела има помалку пациенти.

Што се стомачни вируси и како да се справите со нив?

Стомачните вируси (вирусни гастроентерити) се инфекции на дигестивниот тракт, предизвикани од вируси како ротавирус, норовирус или аденовирус. Најчесто се шират преку загадена храна, вода или преку контакт со заразено лице.

Симптомите вклучуваат:

- Advertisement -
Ad image
  • Мачнина и повраќање;
  • Дијареа;
  • Грчеви и болки во стомакот;
  • Треска и малаксаност.

Кај повеќето здрави лица, вирусот се повлекува за неколку дена. Најважно е да се спречи дехидрација со внесување течности (вода, чај, супи, електролитни раствори) и да се следи лесна диета – варен ориз, компири, банани, бисквити..

Се препорачува избегнување млечни производи, масна и пржена храна, газирани пијалаци и сокови. Ако симптомите траат повеќе од 5 дена, се влошуваат или се појави крв во столицата, неопходна е консултација со лекар.

Стомачните вируси се непријатни, но со правилен третман и со малку трпение, најчесто бргу минуваат.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article