Background

Стапува на сила обврската на маркетите да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница предвидени со измените на  Законот за заштита на потрошувачи и Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките  што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец.

Според Правилникот, трговците дневно (до 10.00 часот) треба да ги објавуваат цените на стоките кои ги пласираат на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин, преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените (Ценовник).

Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава, а се однесуваат на секој продажен објект.

- Advertisement -
Ad image

Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни цени или попусти, на веб страницата на трговецот треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот.

Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја коригира грешката во рок од 24 часа.

Заменик министерот за економија и труд  Марјан Ристески минатата недела изјави дека со измените во Законот за заштита на потрошувачи  се обезбедува транспарентност на цените бидејќи малите, големите и средните маркети ќе мора да ги објавуваат на нивните веб страници.

– Тоа ќе им даде можност на купувачите да одлучат од каде ќе купуваат – рече Ристески во одговор на новинарско прашање.

Ристески нагласи дека тоа е израелски модел за контрола на цените на производите кој се применува во Израел, Италија, Хрватска.

Една од новите можности за контрола на цените, како што рече, е и промената во Законот за прекршоци каде покрај парична казна од 500 до 10.000 евра, во зависност од големината на маркетите, е воведена и поригорозна мерка затворање на маркетот од 15 дена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation