Background

Украински напад со дрон уби 85-годишна жена, повреди 9 лица и предизвика пожари во неколку згради во рускиот град Курск, во близина на границата со Украина

Украински напад со дрон уби 85-годишна жена, повреди 9 лица и предизвика пожари во неколку згради во рускиот град Курск, во близина на границата со Украина, соопштија локалните власти.

„Курск синоќа беше подложен на масовен непријателски напад“, се вели во објавата на Телеграм од управата на регионот Курск.

— Како резултат на нападот, оштетена е повеќекатна станбена зграда, при што избувнал пожар во неколку станови, изјави вршителот на должноста градоначалник на Курск, Сергеј Котљаров. Жителите се евакуирани во блиското училиште — додаде тој.

- Advertisement -
Ad image

Дронови погодиле и гаража за брза помош при што биле оштетени 11 возила, известија од регионалната управа.

Размерите на нападот сè уште не се јасни, но руските телеграмски канали Baza и SHOT, кои често објавуваат информации од извори во безбедносните служби и агенциите за спроведување на законот, објавија дека повеќе од 20 експлозии го потресоа градот. Тие објавија фотографии на кои се гледа запалена повеќекатна станбена зграда.

Министерството за одбрана соопшти дека руските сили пресретнале и уништиле 115 дронови што синоќа ги користела украинската армија за напад. Руските системи за противвоздушна одбрана неутрализирале украински дронови над 5 руски региони, вклучително и Московскиот регион.

Украинските војници, кои извршија прекугранична инвазија во Курската област, чиј административен центар е градот Курск, сè уште се присутни во некои делови од регионот, иако руските сили вратија голем дел од изгубената територија.

Нападот уследи по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми за време на викендот, во кој загинаа 35 лица, а најмалку 119 беа повредени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation