Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC) стартуваше со победа и тоа во тешки временски услови. Изминатиов викенд во Франција на патеката Сан Жар Ду Гард стартуваше новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, кој годинава има 11 трки.
– Првата трка заврши. Не беше онака како што очекувавме. Ова е една од најтешките трки што сум ја возел досега. Врнежливото време и маглата создаваат невозможни услови за возење. Ова се гладијаторски трки. Возите со голема брзина, а видливоста е мала. Во мојата група сум прв, но не можам да се радувам, затоа што моите најголеми конкуренти имаат стравотни излетувања и ги искршија своите возила. И јас имав мало излетување, но за среќа не го оштетив многу возилото. По моето возење организаторот одлучи да ја прекине трката, поради лошите временски услови. Ние завршивме први, но ова е трка која посакувам да не се повтори – изјави Стефановски.
Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1.
Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита за оваа неверојатна трка. И во следните 10 трки од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ќе бидеме дел од неговиот тим. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија, велат од Касинос Австрија.