Русија гледа дека САД, за разлика од Европа, имаат желба да ги разберат основните причини за конфликтот во Украина, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
– Гледаме дека во САД, за разлика од Европа, која, овде ја вклучувам и Велика Британија, целосно ги игнорира основните причини за сегашната ситуација, постои желба да се дојде до суштината на проблемот – рече тој.
Обновата на односите меѓу Москва и Вашингтон започна со состанокот на делегациите во Ријад на 18 февруари, а последните преговори беа одржани во четвртокот во Истанбул.
Покрај тоа, во текот на изминатите 2 месеца, претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, двапати разговараа телефонски.