Три значајни новини воведува Европската комисија во Пакетот за проширување за 2026 година: индикативни патокази за четирите земји што најбргу напредуваат, нов модел на постепена интеграција пред полноправното членство и посилна безбедносна соработка со кандидатите.
Промените ги претстави еврокомесарката за проширување Марта Кос на прес-конференција во Брисел.
Првата новина се однесува на Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, кои оствариле најголем напредок во изминатата година. За Црна Гора е подготвен патоказ со клучните чекори до членството, додека документите за останатите три земји ги утврдуваат приоритетите за следната година.
– Напредокот на овие четири земји покажува дека придвижувањето кон членство во ЕУ зависи од политичката волја и политичките одлуки. Секоја земја кандидат може да се приклучи на групата држави што брзо напредуваат. Ги охрабруваме сите земји кандидати да го направат тој избор – рече Кос.
Втората новина предвидува земјите кандидати постепено да се вклучуваат во европските политики и структури, со можност да користат повеќе придобивки уште пред формалното пристапување.
Кос најави дека во првиот квартал од 2027 година ќе започне дијалог со кандидатите за проширување на ваквата интеграција. Ќе се разгледуваат постојните мерки и дополнителните можности за соработка, а посебни насоки за четирите земји што предводат се вклучени во нивните патокази.
Третата новина е поврзана со безбедноста. Европската комисија сака посилно да ги вклучи кандидатите во заедничкото справување со дезинформациите, сајбер-нападите, организираниот криминал и миграциските предизвици.
Според Кос, безбедносните случувања во земјите кандидати директно влијаат врз Унијата, поради што се потребни подобра размена на информации и покоординирано дејствување.
Еврокомесарката нагласи дека владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите и заштитата на основните права остануваат во средиштето на пристапните реформи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
