Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора во 9 часот и 34 минути.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 37 километри од Подгорица и 14 километри од Скадар, Албанија, на длабочина од 10 километри.
Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 2,7 степени, но EMSC подоцна ја коригирал бројката.
Се уште нема информации за материјална штета.