Шефот на германската ЦДУ, Фридрих Мерц, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.
– Пазарите се во драматична состојба и постои закана од понатамошна дестабилизација – рече Мерц.
Тој нагласи дека сега „поважно од кога било е Германија што побргу да ја врати меѓународната конкурентност“, а и дека ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.
Мерц е за пониски даноци, намалување на бирократијата и за пониски цени на енергијата.