Граѓани издејствуваа пајак службата да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Малоо“. По повеќеминутна расправија со вработените кои првично не сакаа да го „кренат“ возилото со објаснување дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност. Возилото ги изиритира граѓаните зошто беше паркирано сред велосипедската патека.
„Каква е таа должност четири саати пред кафеана, прашуваа граѓаните кои како што може да се види од објавата на социјалните мрежи го пријавиле случајот.
Полицаецот на должност кој е присутен заедно со вработените во пајкат службата, првично се обидува да им објасни зошто не треба да се крева возилото, но по нивната упорност и откако се консултираше со некого вели „Кревајте го“, по што вработените во ПОЦ го земаат возилото.
Tagged as:
Дебар Малоо“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
