Background

Светот се шегува за царините на ненаселени острови

Група ненаселени острови во близина на Антарктикот, покриени со глечери, населени само со пингвини, се погодени од царините на американската администрација.

Американскиот претседател Доналд Трамп и за нив воведе царини на стоки од 10%.

- Advertisement -
Ad image

Островот Херд и Островите Мекдоналд, кои ја сочинуваат најоддалечената територија на Австралија, се меѓу најоддалечените места во светот. До нив може да се стигне само со двонеделно возење со брод од Перт на западниот брег на Австралија. Тие се целосно ненаселени, а луѓето последен пат стапнале таму пред речиси 10 години, пишува The Guardian.

И покрај ова, островите Херд и Мекдоналд се на списокот на места кои ќе бидат погодени од новите трговски тарифи.

– Никаде на земјата не е безбедно – прокоментира австралискиот премиер Ентони Албанес.

Откако ова беше согледано социјалните мрежи почнаа да коментираат.

„Пингвините ни крадат со години“, напиша поранешниот директор за комуникации на Трамп, Ентони Скарамучи, кој сега е чест негов критичар.

 

„Пингвините на островот Херд и Мекдоналд нè искористуваа предолго. Време е да им се спротивставиме! напиша поранешниот конгресмен Том Малиновски на Х.

 

Американскиот медиум Политико ја праша Белата куќа зошто ги вклучила тие острови на својата листа – одговориле дека причината е тоа што се австралиски територии.

Покрај овие острови, во списокот на царини влезе и вулканскиот остров Јан Мајен, каде што никој не живее трајно, освен  18 луѓе на норвешката војска и метеоролошка агенција како и низа други острови кои се надворешни територии на повеќе земји.

На списокот е и австралиската надворешна територија на Божиќниот Остров, како и британската територија на Индискиот Океан, архипелаг од 58 острови управуван од Лондон кој е ненаселен, освен еден остров по име Диего Гарсија, дом на американско-британска воена база. На сисокот се и  Токелау на југот на Тихиот Океан, територијата на Нов Зеланд со 1.500 жители и норвешкиот архипелаг Свалбард со 2.500 жители.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation