Јасно кажавме дека остануваме во НАТО и ја поддржуваме алијансата, сакаме НАТО да биде силен и поживописен, да има повеќе капацитети, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по неговото пристигнување во седиштето на пактот во Брисел за учество на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
– САД се во НАТО и активни, како и секогаш. Хистеријата во медиумите, вклучително и во САД, е неоправдана, – изјави Рубио во врска со шпекулациите за можно повлекување на САД од Алијансата.
На прашањето за трошоците за одбраната, Рубио инсистира дека богатите земји во НАТО се способни да направат повеќе.
Тој вели дека „имаме потреби и дома, но приоритет ни е одбраната и го очекуваме истото од нашите партнери“.
– Настаните од последните години и новата војна во Европа покажуваат дека сè уште треба да имаме моќна сила како услов за одвраќање. Секоја од земјите на НАТО мора да оствари трошоци за одбрана еднакви на пет проценти од БДП, вклучувајќи ги и Соединетите држави – рече Рубио.
Тој истакна дека претседателот Трамп се залагал за зголемување на трошоците во неговиот прв мандат и дека таа порака ја задржува и сега.
– Претседателот Трамп не е против НАТО – резимира Рубио.
Според него, никој не очекува за една година да се постигне целта од пет проценти од трошењето на БДП. Мораме да можеме да ја одбраниме нашата територија од каква било закана, додаде американскиот државен секретар.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
