Премиерот Христијан Мицкоски објави дека од 1 април започна исплатата на зголемените плати во јавното здравство, истакнувајќи дека ова е чекор кон економски раст и подобрување на стандардот.
„Линеарно зголемување од 2.500 денари нето за сите! Со зголемувањето во ноември, вкупното покачување достигнува 4.815 денари, а за медицинските сестри дури 6.200 денари“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Тој додаде дека со ова просечната плата во земјата се зголемува на околу 50.200 денари, а кумулативното зголемување на платите во здравството изнесува 17.18%.
„Со инфлација од околу 3.5%, реалниот раст за 2024/25 ќе биде околу 9.4%. За споредба, во периодот 2021–2023 реалниот раст изнесуваше само 3.8%. Промените се случуваат. Македонија повторно станува ваша!“, порача премиерот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
