Деновиве од печат постхумно беше објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.
Најновиот туд на Поп Стефанија го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“.
Книгата е објавена во тираж од 150 примероци. Содржината напишана на околу 200 страници и е поделена во неколку поглавја во кои се следи историската хронологија и периодизација на Охрид како „богоодбран топос“.
Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, рецизент е Елизабета Шелева, јазичната редакција е на Даниела Угриноска, а техничкото уредување на Дамјан Поп Стефанија.
Викторија Поп Стефанија беше еминентна авторка, инженер- архитектка и публицистка од областа на теоријата на историјата на архитектурата. Таа е бележит национален архитект со творечки опус од околу 300 проекти и студии. Нејзини креации се хотел „Метропол“, реконструкцијата на „Рибниот Ресторан„ во Охрид, хотелот „Молика“ на Пелистер. Таа е творец на автентични просторни креации за воздигнување на храмовите: Св. Димитриј Солунски, Св. Григориј Палама во Струмица, Св. Прохор Пчински во Мелбурн – Австралија, Св. Богородица во Демир Хисар.
Добитник е на бројни награди и признанија и е автор на многубројни стучни публикации.
Викторија Поп – Стефанија почина неодамна во Охрид.
Tagged as:
ОБЈАВЕНА КНИГАТА „ОХРИДСКА УРБАНА ИКОНОГРАФИЈА“ ОД ВИКТОРИЈА ПОП СТЕФАНИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
