Background

Македонското Собрание денеска треба да ја започне 42. седница

Македонското Собрание денеска треба да ја започне 42. седница, а претходно пратениците во рамки на 38. седница треба да гласаат за единствената точка која остана неразгледана – Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.

За пратениците ова ќе бидат први собраниски заседанија по двонеделната пауза по трагедијата во Кочани на 16 март кога загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени.

Четириесет и втората седница, пак, е новозакажана, и на неа предлог точки се Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата,по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување на Законот за учебници во основно и средно образование, исто така по скратена постапка.

- Advertisement -
Ad image

На седницата по скратена постапка се предложени и Предлог законот за изменување на Законот за основното образование, Предлог законот за дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Предлог законот за изменување на Законот за безбедност и здравје при работа, Предлог законот за изменување на Законот за работните односи, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, Предлог законот за изменување на Законот за просветната инспекција, како и Предлог на закон за изменување на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, но овој во прво читање.

Пратениците во рамки на оваа седница треба да го разгледаат и Барањето за давање на автентично толкување на член 44 став (2) од Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси („Сл.Весник на РМ“ бр.12/2019), поднесено од градоначалникот на Општина Гевгелија.

Во Собранието денеска ќе се одржат седници и на три комисии.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation