Background

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 20-годишниот Васил Јованов, кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 20-годишниот Васил Јованов, кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според доказите, Јованов без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со огромна брзина, ја усмртил 20-годишната Фросина Кулакова додека таа поминувала на пешачки премин.

Трагедијата се случи на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата 29-ти Ноември. Јованов управувал со автомобил пежо 207 во сопственост на неговиот татко, без да поседува возачка дозвола. Освен што бил под дејство на алкохол со 0.80 промили во крвта, тој возел со брзина од 91 km/h – речиси двојно над дозволената граница

Кога пристигнал пред пешачкиот премин, иако семафорот покажувал црвено за возилата, тој не запрел и со предниот лев дел од автомобилот ја удрил Кулакова, која имала зелено светло. Ударот бил толку силен што жртвата се издигнала во воздух, удрила во семафорот и починала на самото место.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителството истакна дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и повторување на делото, па затоа побара продолжување на мерката притвор за Јованов. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна затвор до 20 години.

Основното јавно обвинителство ја продолжува постапката и против Зоран Јованов, таткото на обвинетиот Васил Јованов, чиј автомобил бил користен при трагичната несреќа. Обвинителството најави дека наскоро ќе донесе одлука во однос на неговата евентуална одговорност.

т. Според доказите, Јованов без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со огромна брзина, ја усмртил 20-годишната Фросина Кулакова додека таа поминувала на пешачки премин.

Трагедијата се случи на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата 29-ти Ноември. Јованов управувал со автомобил пежо 207 во сопственост на неговиот татко, без да поседува возачка дозвола. Освен што бил под дејство на алкохол со 0.80 промили во крвта, тој возел со брзина од 91 km/h – речиси двојно над дозволената граница.

Кога пристигнал пред пешачкиот премин, иако семафорот покажувал црвено за возилата, тој не запрел и со предниот лев дел од автомобилот ја удрил Кулакова, која имала зелено светло. Ударот бил толку силен што жртвата се издигнала во воздух, удрила во семафорот и починала на самото место.

Обвинителството истакна дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и повторување на делото, па затоа побара продолжување на мерката притвор за Јованов. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна затвор до 20 години.

Основното јавно обвинителство ја продолжува постапката и против Зоран Јованов, таткото на обвинетиот Васил Јованов, чиј автомобил бил користен при трагичната несреќа. Обвинителството најави дека наскоро ќе донесе одлука во однос на неговата евентуална одговорност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation