Background

Застрашувачки снимки доаѓаат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар

Застрашувачки снимки доаѓаат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на  длабочина од 35 километри, 45 километри јужно од Мандалеј.

Засега нема информации за загинати, но она што може да се види на снимките на социјалните мрежи во кои се уриваат цели згради, навестува дека има голем број жртви.

 

- Advertisement -
Ad image

Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на ЕМСЦ, известувајќи дека земјотресот бил многу силно почувствуван во соседна Индија, но и во Тајланд.

 

Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на ЕМСЦ, известувајќи дека земјотресот бил многу силно почувствуван во соседна Индија, но и во Тајланд.

Тие велат дека земјотресот бил следен многу долго, а првата снимка е веќе поставена на X мрежата, на која се гледа како силно се почувствувал земјотресот во Бангкок, кој е оддалечен речиси 1000 километри од епицентарот.

„Ова е најдолгиот земјотрес во последните години, некако се потресе повеќе од вообичаено овде во Тајланд“, велат тие во коментарите.
Тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра изјави дека ја прекинала официјалната посета на јужниот остров Пукет за да одржи „итна средба“ по силниот земјотрес во Бурма, според публикацијата во X.

 

 

Очигледно една од зградите се урнала во Бангкок.

 

Некои тврдат дека земјотресот траел речиси две минути.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation