Background

Во Франција приведени 511 лица по демонстрациите

Речиси половина милион луѓе учествуваа во вчерашните демонстрации низ цела Франција, од кои во Париз беа собрани 200.000, соопшти коалицијата на младински организации и синдикати што ги претставуваат средношколците и студентите.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез синоќа изјави дека за време на протестите низ целата земја биле приведени 511 лица, објави париски „Ле Монд“.

– Беа приведени 511 лица, имаше 40.000 контроли, додека еден жандарм беше полесно повреден, бидејќи врз него беше фрлен молотов коктел – изјави Нуњез.

- Advertisement -
Ad image

Според него, на протестите имало 320.000 луѓе, од кои 70.000 во Париз.

Еден од најтешките инциденти се случи во Париз, во близина на Порт де Шарантон, каде што по завршувањето на протесниот марш избија судири меѓу демонстрантите и припадниците на жандармеријата. Според снимките кои ги објавија француските медиуми, Молотов коктел паднал меѓу полицајците, по што пламенот ја зафатил нивната заштитна опрема. Париската полициска префектура соопшти дека за време на нападот биле повредени петмина припадници на силите на редот, од кои тројца здобиле изгореници.

Демонстранти со меч ја кршеа главата на Макрон

Посебно внимание во јавноста привлекоа сцените од Плоштадот на победата во Бордо, каде што учесниците во протестот поставија пињата во облик на главата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Куклата била исполнета со лажни банкноти, а насобраните, со одобрување од присутните, ја удирале со меч и тава сè додека не ја скршиле.

Снимките од овој протест ги објави француски „Фигаро“, по што тие се проширија на социјалните мрежи.

 

Насилството во текот на вечерните часови ескалираше и во Марсеј, каде што помали групи демонстранти запалија барикади и се судрија со полицијата.

Според извештаите на француската телевизија ТФ1 (TF1), одредени лица се обидувале да упаднат во продавници и да ги ограбат трговските објекти.

Полицијата привела пет лица поради обид за упад во магацин на продавница за спортска опрема „Фут локер“ (Foot Locker), додека интервенција е забележана и поради упад во една предучилишна установа.

За време на нередите била нападната и една телевизиска екипа која известувала од терен.

Запалени знамиња и пропалестински пароли

Поради влошување на безбедносната ситуација, градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, ги повика граѓаните да останат во своите домови и да им овозможат на полицијата и на итните служби непречено да интервенираат.

Во Лион за време на демонстрациите беа запалени знамиња на Израел и на Соединетите Американски Држави, додека одредени учесници извикуваа пропалестински пароли.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата се забележани и во Рен, Тулуз, Нант и во други француски градови.

Во одредени места протестите поминаа мирно, но насилните инциденти во поголемите градови одбележаа уште еден ден на масовно незадоволство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖