Армијата на Република Северна Македонија, постапувајќи според процедурите за ангажирање во мирновремени услови и во согласност со барањето од Центарот за управување со кризи, активно се вклучи во справувањето со последиците од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во координација со кризниот штаб во Кочани, над 140 припадници на Армијата беа ангажирани за поддршка на цивилните институции. Тие беа опремени со соодветен број моторни возила, материјално-технички средства и еден воен хеликоптер, кој имаше обезбедени полетно-слетни платформи на повеќе локации низ државата.
Покрај директната логистичка поддршка, Армијата одигра клучна улога во координацијата на странската медицинска помош. Воздухоплови, главно воени, од повеќе земји – Бугарија, Србија, Турција, Романија, Луксембург, Австрија, Италија, Словенија, Полска, Грција, Шведска, Финска, Хрватска и Унгарија – беа ангажирани за транспорт на повредените. Вкупно 96 лица со тешки и критични повреди беа евакуирани во странски болници за натамошно лекување.
Генералштабот на Армијата останува во постојана комуникација со надлежните институции и е подготвен за дополнителна поддршка, доколку тоа биде потребно.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
