Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.
Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски.
Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев изјави дека вратениот пациент од Србија е во сосема подобрена општа клиничка состојба.
– Извесен период, неколку или можеби до утре ќе биде опсервиран на Универзитетската клиника за токсикологија. Во моментот се прават некои клинички иследувања. Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството. Протоколот вели дека треба да земеме барем основна лабораторија, да направиме едно интервју за да видиме низ сè што прошол додека се лекувал таму. Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома, туку ете малку тука ќе биде со нас, ќе се дружи со нашиот персонал, а во меѓувреме ние ќе ги направиме иследувања – рече Чибишев.
Директорот на Токсикологија нагласи дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри и психолози кои ќе работат со пациентите кои се лекуваат во земјава и тие што ќе се вратат од странство.
– Апсолутно. Мислам дека и министерот на утринскиот брифинг со новинарите кажа дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри, психолози кои ќе работат со сите пациенти кои се лекуваат во државата и тие што ќе се враќаат од државите каде што биле трансферирани. Психичката траума е голема и стресот е голем. На тие пациенти сигурно ќе им треба и психијатриска и психолошка потреба – рече Чибишев.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
