Background

ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ВРАТАТ ПОЛОВИНА ОД ПАЦИЕНТИТЕ ОД СТРАНСТВО

Половина од пациентите кои се лекуваат во странство би можеле да се вратат дома во следните две недели, додека четворица од нив остануваат во критична состојба, информираше портпаролката на Владата Љатифи Азизи на прес-конференција. Таа истакна дека денеска, понеделник,  16 пациенти кои се лекуваат во Македонија ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Портпаролката истакна дека тим од хирурзи ќе се погрижи пациентите да не мора да патуваат до болниците и дека дополнително штипската болница поседува 4 хирурзи за поддршка.

– Според последните податоци денеска од болниците ќе бидат испишани 16 пациенти кои се лекувале во земјата и лекувањето ќе го продолжат во домашни услови. Очекуваме во рок од две недели половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во Македонија и се преземаат сите потребни чекори за нивно соодветно лекување. Во моментот во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела очекуваме 8 од нив да се вратат и да продолжат да се лекуваат дома. Состојбата на некои пациенти и понатаму останува сериозна. Четири од пациентите кои се лекуваат во странство се во критична состојба, но правиме сè за да го обезбедиме потребниот третман за подобрување на нивното здравје. Покрај негата обезбедивме тим од хирурзи за поддршка пациентите кои се лекуваат дома за тие да не морат да патуваат. Исто така штипската болница поседува 4 хирурзи кои ќе бидат во постојана комуникација за давање поддршка на пациентите. Здравствените установи се максимално посветени за обезбедување квалитетен третман и целосна рехабилитација на сите пациенти. Ќе продолжиме да информираме за состојбата на сите пациенти – изави портпаролката.

- Advertisement -
Ad image

Таа вели дека истрагата продолжува со целосна посветеност и во соработка меѓу одговорните институции. Портпаролката Азизи нагласи дека Владата е решена да ја открие вистината за одговорните во трагедијата во Кочани и да се погрижи одговорните да одговараат за своите постапки.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation