Background

Дачиќ откри дека системите биле купени во 2021 година

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ кажа за порталот Данас дека полицијата поседува сонично оружје или колоквијално наречено „звучен топ“, односно дека тоа се системи купени во 2021 година, во сопственост на министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што пренесува Данас, Дачиќ синоќа навел дека тие системи стојат во магацини во кутии, дека се сопственост на МВР, но дека не се уфрлени во употреба, ниту се монтирани на кое било возило или систем.

На прашањето зошто тогаш изјавил дека полицијата не поседува „звучен топ“ ниту какви било други слични звучни оружја, Дачиќ кажа дека станува збор за несмасна изјава.

- Advertisement -
Ad image

– Тоа е несмасна изјава. Под тоа се мислеше дека МВР не го вклучил ова средство во својот арсенал на средства на принуда.

На прашањето зошто државата „однапред го купила системот“, кога неговото користење не е дозволено, Дачиќ кажа дека тоа е промашена инвестиција.

– Веројатно тогаш се мислело дека ќе биде усвоен нов закон за полицијата кој како уште едно средство на принуда предвидувал и користење на звучно оружје.

Српската Влада испратила синоќа барање до ФБИ и до Руската служба за безбедност (ФСБ) да спроведат независни истраги дали на протестот на 15 март во Белград бил употребен звучен топ, јави дописникот на МИА од Белград.

Потврдата за тоа беше изнесена денеска откако српскиот премиер Милош Вучевиќ нагласи за белградски медиуми дека по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ потпишал официјални документи и преку Министерството за надворешни работи, поточно српските амбасади во Вашингтон и Москва, испратил барања до безбедносните служби на тие држави.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation