Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.
Како замена, селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.
Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим, стои во соопштението на ФФМ.