Background

Тошковски најави нови апсења за трагедијата во Кочани

Пиротехниката во дискотеката Пулс во Кочани, која доведе до трагичниот пожар, била донесена од страна на бендот ДНК, потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по разговор со еден од членовите. Лицето што било задолжено за употреба на пиротехничките средства, за жал, го загубило животот во несреќата.

По завршувањето на увидот, ќе биде подготвен извештај за Обвинителството, кој ќе ги утврди деталите и ќе се процени дали пиротехниката требала да поседува сертификат за употреба, како што е пропишано со закон.

Тошковски истакна дека дискотеката била сместена во објект кој е наменет за лесна индустрија, а не за угостителство, што ја прави неадекватна за ваков тип на настани. Покрај тоа, се дознава дека во целиот клуб имало само два противпожарни апарати, што дополнително ги зголемува ризиците.

- Advertisement -
Ad image

Концертот на бендот ДНК бил организиран без формален договор со оддржувачите на клубот, што дополнително ја става под прашање безбедноста на настанот. МВР не било информирано за овој настан, а според законот, организаторите имале обврска да ги обезбедат сите потребни услови за безбедно одржување на такви настани.

– Денеска констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба, коишто требало да ги следат прописите. Во текот на денешниот ден ќе има повеќе приведени од повеќе институции, од МВР и други кои би требало да се одговорни при издавањето на лиценцата. Корупција и криминалот не доведуваат до фаза да ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме – рече Тошковски.

Тој додаде дека мора да се покаже свесност и одлучност за сите постапки кои треба преземат, секој еден којшто има директна или индиректна од овој кривично правен настан, ќе одговара. Секој еден, поранешен или сегашен.

Министерот исто така изјави дека е повлечена локалната потерница која беше распишана за 4 лица, бидејќи тие се веќе обезбедени.

Во Скопје, според зборовите на Тошковски на распит 5 лица приведени во Скопје, меѓи кои и еден поранешен министер. Тој додаде дека биле извршени претреси кај вработени во министерството економија, одземени се електронски уреди, оружје и доказни материјали.

Вчера 13 лица во Штип биле приведени сопственикот на дискотеката, продавачите на билети, две лица од обезбедување, приведени се тројца пазарни инспектори, еден од трудова инспекција, како и полициски службеници. На 14 лица, вели министерот им е одреден притвор од 48 часа.

Тој додаде дека МВР било повикано за службениците кои вршеле контрола во делот на недозволена трговија со дрога, а влегле неколку минути пред да започне пожарот.

– Полицаецот бил внатре и помагал да излезат лицата од дискотеката. Другите двајца службеници биле надвор, затоа не се повредени, но помогнале при евакуацијата – рече Тошковски.

Тој рече дека во однос на работното време, дали требала да работи или не по полноќ, по законска регулатива на ноќни барови и кабареа имаат можност да работат до 04 часот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation