Доколку не се формира нова влада 30 дена откако Народното собрание ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, учествувајќи на владина седница, јави МИА од Белград.
Вучиќ изјави дека оставката на премиерот Милош Вучевиќ ќе биде објавена во вторник, на 18 март и дека оттогаш ќе започне рокот од 30 дена за формирање нова влада, и според него, доколку новата влада не се формира во законскиот рок, најверојатно, ќе се оди на избори, најверојатно на 8 јуни.
Зборувајќи за актуелната ситуација во Србија, Вучиќ истакна колку е важно ситуацијата што поскоро да се нормализира.