„За Кочани- Србија е со Македонија“ беше испишано на познатата „Палата Белград“ висока 168 метри во поддршка за трагедијата која се случи со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Вечерва за Белград со авион треба да бидат пренесени 12 од повредените лица во трагедијата, обзнани министерот за здравство Арбен Таравари.
Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради настаните во Кочани.
Србија заедно со повеќе соседни земји понуди медицинска и друга помош за справување со последиците од трагедијата.