Со амбулантни возила, 3 млади лица со изгореници, здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево биле пренесени и пристигнале во Солун, каде што ќе бидат хоспитализирани во болницата „Папаниколау“, јави дописничката на МИА од Атина.
Солунскиот портал Тестивал објави видео и фотографии од пристигнувањето на трите амбулантни возила, кои според грчките медиуми во Солун биле околу 17.30 по локално време.
Претходно, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници, Михалис Јанакос, во разговор со дописничката на МИА од Атина, потврди дека тројца повредени ќе бидат пренесени во болницата „Папаниколау“ во Солун, која располага со одделение за изгореници со 4 кревети, а денеска биле испразнети 3 за да бидат хоспитализирани повредените.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
