ПОЧИНА ПОВРЕДЕНИОТ МОТОЦИКЛИСТ Полицијата го уапси возачот што ја предизвика тешката несреќа во Ѓорче Петров

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ почина мотоциклистот А.Ј. (34) од Скопје, кој беше повреден во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во населбата Ѓорче Петров, во која учествуваа две возила и мотор.

Полицијата го уапси возачот кој ја предизвика несреќата.

„На 14.3.2025 година во 18.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на уливата Ацо Шопов во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од селото Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал“, соопшти полицијата.

Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

„Возачот Б.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница и по укажаната помош во 1 часот на подрачјето на Центар бил лишен од слобода“, се додава во соопштението.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по итна постапка.

Извршен бил увид од надлежен обвинител од ОЈО Скопје и од увидна екипа од СВР Скопје.

Share This Article