Иван Вуковиќ, потпретседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС), поранешен градоначалник на Подгорица и пратеник на ДПС во Собранието на Црна Гора, е приведен во Белград.
Тој е приведен од Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија, потврдија за „Вијести“ во ДПС.
ДПС соопшти дека близок на Вуковиќ, кој бил со него приватно во Белград, рекол дека припадници на БИА го уапсиле додека излегувал од хотелот Хилтон.
Изворот на „Вијести“ вели дека пред лифтот ги чекале неколку униформирани лица и двајца во цивил, кои се претставиле како припадници на БИА и го привеле.
Вуковиќ им кажал дека бил во Белград како придружник на член на семејството кој бил таму од здравствени причини.
Им објаснил дека се на пат да се вратат во Црна Гора, но сепак го привеле.
Од ДПС за „Вијеста“ велат дека не ги знаат деталите каде се наоѓа Вуковиќ и дека во моментов се обидуваат да ангажираат адвокат.
Вуковиќ синоќа на својата Фејсбук страница сподели видео од протестот во Белград, а утрово лидерот на Српската радикална партија и хашки осуденик Воислав Шешељ преку режимската телевизија Пинк повика на негово апсење.