Background

Мицкоски повика да не се носат заклучоци без да се слушнат аргументите

Европската комисија да ги слушне и аргументите на Владата во врска со барањата за зголемување на платите, бара премиерот Христијан Мицкоски, како одговор на новинарско прашање за најавата на Европската конфедерација на синдикатите дека ќе ја извести Европската комисија за владин притисок да нема зголемување и дека целата постапка ќе биде под мониторинг.

– Јас ги охрабрувам да дојдат тука и да ги слушнат аргументите, бидејќи би било незрело само врз основа на еднострана информација да носат заклучоци. Во принцип, јас би ги советувал да ги слушнат сите страни, аргументите на сите страни и тогаш да зборуваме за заклучоците. Доколку е еднострана информацијата, сигурен сум дека високите претставници на Европската комисија ќе сакаат да ја слушнат и втората страна, тогаш дебатата и заклучоците би биле поинакви. Но, ако го слушате претпоследниот или би рекол можеби тука блиску до последниот браник на интересите на СДСМ, а тоа е она момче претседател на ССМ коешто излегува заедно со малкумина судии и обвинители, тогаш – да, ако носите врз основа на тоа заклучок – да, но мислам дека заклучокот треба да се темели на аргументи од двете страни. Ние сме на располагање, ги покануваме да дојдат или ако треба ние ќе појдеме да ги претставиме нашите аргументи – истакна премиерот Мицкоски.

Европската конфедерација на синдикати денеска им даде поддршка на синдикатите во земјава да издејствуваат што поголема минимална плата. Претставниците на Европската конфедерација на синдикати на прес-конференција оценија дека барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата се повеќе од оправдани и дека минималната плата во Северна Македонија е најниска во регионот.
За случувањата во земјава, тие рекоа дека ќе ја информираат Европската комисија и дека тоа ќе влезе во извештајот за напредокот на државава.

- Advertisement -
Ad image

– Ако социјалниот дијалог не се почитува, ние за тоа ја информираме Европската комисија и тоа ќе биде отсликано во извештајот, а од тој извештај зависи како ќе напредува земјата кон ЕУ и кои финансии ќе ги добие за да напредува. Да се биде синдикалец е човеково право кое мора да се почитува и ниту Владата, ниту работодавачите не може да ги напаѓаат синдикатите. Земја што не ги почитува тие права треба да биде повикана на одговорност. Се надевам дека во Северна Македонија ќе престанат нападите врз синдикатите, ќе се врати социјалниот дијалог и ќе има преговори преку кои ќе се договорите која е адекватната минимална плата. Ние следиме и известуваме што се случува во оваа земја – истакна Теа Јарц, секретарка на Европската конфедерација на синдикати.

Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според законот би се зголемила за околу 1.800 денари. ССМ бара минималната плата да изнесува 500 евра, а разликата во придонесите до 30.000 денари да ја субвенционира Владата во период од една година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation